На традиционалната крводарителска акција „Водици 2024“, што годинава се одржа под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СẺ“, собрани се 104 единици крв, информира Црвен крст – Охрид, организатор на акцијата.
Од дарителите 13 даруваа крв за прв пат, изјави за Охридњуз Сашо Точков, претседател на Црвен крст Охрид.
Во знак на благодарност за покажаната хуманост, организаторот со поддршка на Дебарско-Кичевската епархија за дарителите подготвија скромни подароци.
Г.М.