Голем одрон доцна попладнево настанал на регионалниот пат Охрид – Ресен, непосредно пред највисоката точка на превојот Буково, од охридска страна. Возачи кои вечерва минале по оваа делница, за OhridNews изјавија дека се работи за поголем одрон, како и дека на терен е механизација која го расчистува патот. Проодност има, но се препорачува внимателност и прилагодување на брзината.
Превојот Буково (архива OhridNews)
Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози, со исклучок на осојничавите места. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони.
OhridNews