Од 8 до 11 октомври во Охрид ќе се одржи голем Младински рејтинг турнир во шах во организација на клубот Ласкер од Охрид.
Турнирот ќе биде со меѓународен карактер, а до сега веќе имаат пријавено учество шахисти од Бугарија и најдобрите од Македонија.
Сите љубители на шахот во Охрид во хотелот Далјан ќе имаат ретка можност да ги гледаат надежите во Македонија на едно место.
OhridNews