Новата година според стариот календар, традиционално највесело ќе биде дочекана во дискотеката „Парк“, која утре вечер (13-ти јануари) организира голем маскенбал.

Забавата почнува во 23 часот, а влезот е слободен за сите кои ќе се маскираат.

За најдобрите маски и годинава се предвидени вредни награди: 4000 денари за првопласираната маска, ДВД плеер за втората, шише виски за третонаградената маска, како и многу други изненадувања.

Забавата во дискотеката „Парк“ викендов продолжува со Тони Зен, кому ова ќе му биде прв настап пред македонската публика по учеството во шоуто SURVIVOR каде се претстави во одлично издание.

Тони Зен во „Парк“ настапува  во сабота, 15-ти јануари.

OhridNews