Мјанмар, поранешна Бурма, се заканува да стане ново опасно воено жариште. Во прилог на ваквото несакано сценарио одат последните случувања во земјата каде од 25-ти август започна граѓански конфликт во кој будистичките националисти извршиле голем масакр врз малцинкото муслиманско население, пренесуваат светските медиуми. Тие објавија снимки како горат цели села на муслиманите кои пред налетот на милитантните будисти бегаат од своите домови.
Конфликтот во Мјанмар го сврте повторно вниманието на светската јавност врз оваа земја која едвај се извлече од повеќедецениската воена диктатура, а некогашната воена затвореничка и водач на демократските промени и добитничка на Нобеловата награда за мир Аунг Сан Су Чи стана премиерка на Мјанмар. Меѓутоа сега државата силно е разнишата од меѓунационални и меѓуверски судири кои влечат корени од далечното минато, пишува руски „Спутник“, пренесува српски “Блиц“.
Алармантните вести за етничко чистење на муслиманскиот народ Рахинаџа во северозападот на земјата предизвика протести на муслиманите во целиот свет кои бараат насилството веднаш да биде запрено. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган последните случувања во Мјанмар ги нарече геноцид врз муслиманското насление, а претседателот на Русија Владимир Путин во заедничкото руско-египетско обраќање истакна дека овие две држави се противат на секакво насилство.
Според податоците на Обединетите нации околу 123.000 муслимани од Мјанмар пребегале во соседен Бангладеш.
OhridNews