На концертот насловен „Со хуманост до светлина“, што ќе се одржи вечерва во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, за прв пат ќе бидат изведени нови осум песни компонирани од Тоше, а присутните ќе имаат можност да ја слушнат и премиерната изведба на песната „Се уште сонувам дека сме заедно“ во српска верзија оргинално напишана на српски јазик „Још увјек сањам да смо заједно“, која тој ја смимил во летото 2007 година, а ја напишал композиторот Мирослав Рус. На концертот ќе бидат промовирани и видео изданијата за песните „Guilty“ и „Forever in a Day“ од англискиот албум „The hardest thing“.
Собраните средства од хуманитарниот концерт ќе бидат наменети за осветлување на манастирот Свето Преображение во Крушево, кој со голема љубов го градеше Тоше Проески кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи на 16 октомври 2007 година во Хрватска.
Во пресрет на роденденот на големата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески, синоќа во Скопје беше промовиран новиот албум со негови композиции „Се уште сонувам дека сме заедно“.