Општинскиот фудбалски сојуз од Охрид (ОФС) со свечена церомонија на која беа доделувани благодарници и плакети, одбележа 40 години од постоењето.


ОФС Охрид формиран е далечната 1976 година, а прв претседател е Иван Новески. Токму тој со говор ја отвори церемонијата која се одржа во хотелот Милениум. – Кога го формиравме сојузот имавме надеж дека ќе прераснаe во една голема фудбалска институција. Денес, со воодешување ги пратам работите и активностите на ОФС Охрид и на челниците многу сум им благодарен што мојата надеж ја реализираа во реалност.


За посебни заслуги ОФС Охрид со благодарници и плакети им се заблагодари на Славе Димитриески, Димче Стојкоски – Лепиот, Илија Кафеџиоски, Благоја Ристески, Стојан Суколски, Митко Локоски, Васко Ристески, Васви Доко, Андреа Ристески, Иван Арсеноски, Голаб Голабоски, Кире Јосифовски, Никола Тодороски, Ѓоко Ночески, Радован Китески и Моби Петрол.


Специјални гости на одбележувањето на јубилејот беа преставниците од ОФС Битола, ОФС Струга и ФФМ и делегација од Фудбалскиот сојуз од Јагодина, Србија кој е збратимен со охридскиот.


– Во името на сите фудбалски работници од Јагодина сакам ги поздравам нашите браќа во охридскиот фудбалски сојуз и да им посакам да го чекорат патот по кој моментално одат. Јас лично сакам да дојдам и на златниот јубилеј, а тогаш да има повеќе фудбалери и судии бидејќи Охрид го заслужува тоа. – рече преставникот од Јагодина кој на првиот човек од Охрид, Диме Попоски му врачи поклон за збратимените односи.


Емотивен говор на церомонијата имеше секрeтaрот на ОФС Охрид, Тони Иваноски кој ги поздрави присутните, но не ги заборави луѓето кои оставија силен белег, а не се помеѓу живите.


Фотогалерија:

Михаил Постоловски