Во концептуалната продавница „Румор“ во тек е голем јануарски попуст на женски и машки парчиња облека од колекциите 2017. Истите сега можат да се купат по цени пониски за 30%, 50% и 70%! 

Големиот попуст на колекцијата 2017 во „Румор“ трае до распродажба на залихите.

Покрај големиот попуст на ланските модели, во единствениот мултибренд кај нас ќе најдете и парчиња облека од новата зимска колекција креирани од светски познати дизајнери, како и голем избор од модната линија „Румор“ создадена со многу љубов и желба конечно да се понуди квалитет за ексклузивна цена, гордо потпишан со „Made in Macedonia“. 

Концептуалната продавница „Румор“ ќе ја најдете на добро познатата локација на булеварот „Туристичка“ во зградата „Печијаре“.

OhridNews