Идните бруцоши на ФТУ можат да бираат помеѓу пет студиски програми: туризам, осигурување, хотелско ресторанска насока, царина и шпедиција и гастрономија.
Прелиминарните резултати од пријавувањето ќе бидат истакнати на 21 август, додека конечната ранг листа ќе биде објавена на 26 август. Вториот и третиот уписен рок ќе се одржат на 3 и 4, односно на 16 септември.
Уписите се во тек на сите 5 државни универзитети каде во академската 2009/2010 година има место за 23 558 бруцоши.