На најголемиот турнир во мал фудбал на овие простори, „Петровден“ Мешеишта, оваа година учество ќе земат 29 екипи. Пријавувањето заврши, а ждребот на групите ќе се одржи вечерва во 21 часот, кога ќе биде соопштен и наградниот фонд на турнирот.
Бројот на пријавени екипи и големиот интерес, уште еднаш го потврдија високото реноме што овој спортски настан познат по традицијата и добрата организација, го ужива во поширокиот регион.
Почетокот на турнирот во мал фудбал „Петровден“ Мешеишта е закажан за среда, 21 јуни, во 20:30 часот, информира Организациониот одбор.
Г.М.