Вчера почна постапкта за скринингот во училиштата и завршена е првата фаза за добивање и обработка на согласностите од родителите. Според Министертвото за здравтво, голем е интересот за учество во скринингот и досега се добиени околу 5.000 согласности од родители на деца во основните училишта во Скопје.

Врз основа на добиените согласности, направен е план и распоред за реализација на скринингот на терен и тој веќе се врши во неколку основни училишта во Скопје. Скринигот продолжува во понеделник. Во рамки на првата фаза ќе бидат опфатени училиштата на територија на град Скопје, а ќе бидат вклучени медицински екипи од Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом Скопје, информираат од Министерството.

Сите активности за спроведување на скринингот се одвиваат во постојана координација со Министерството за образование и наука.

Од страна на МОН се обезбeдени сите потребни податоци, оваа постапка била и претходниот период реализирана. Министерството за здравство побара дозвола да се реализира скринингот, ние дадовме дозвола, информираше министерот за образование Јетон Шаќири.

OhridNews