Австралискиот милијардер кој планира на кинеските бродоградилишта да изгради високотехнолошка реплика на Титаник изјавил дека огромен број луѓе биле заинтересирани да бидат први патници на овој брод. Претставниците на Клајв Палмер, кој во април најавил прелиминарен договор со кинеското бродоградилиште “CSC Ðnling” за изградба на Титаник 2, соопштиле дека на неговата компанија за производство на бродови и се јавиле огромен број лица од САД, Велика Британија, Азија и Јужна Америка. Интересот бил толку голем што повеќе од десет лица веќе нудат повеќе од милион долари за првото патување со Титаник планирано за 2016 година. Интересот бил огромен иако изградбата на бродот сеуште не била започната.
Претставниците на компанијата се надеваат дека тоа е знак дека наскоро ќе биде потпишан конечниот договор со “CSC Ðnling” чие седиште е во провинцијата Џијангсу. Тие не сакале да кажат колку ќе чини изградбата на бродот. Титаник бил најголем и најлуксузен прекуокеански брод кога на 15 април 1912 година потонал во северниот Атлантик. Погинале повеќе од 1500 лица. Палмер рекол дека неговиот брод ќе биде исто луксузен колку и оригиналот, но и дека ќе има вградена најнова навигациона и безбедносна технологија. На дизјанерите ќе им помага и тим за историски истражувања затоа што бродот треба што повеќе да личи на оригиналот.