Поради големиот интерес, претставата „Детектор за лаги“, ќе биде на репертоарот на Центарот за култура и овој четврток, 27-ми ноември.
За претставата се бара билет повеќе, а сите досегашни изведби беа целосно распродадени неколку дена претходно.
Претставата „Детектор на лаги“ е работена по текст на Василиј Сигарев, во режија на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.
Влезниците за претставата по цена од 100 денари се пуштени во продажба.
OhridNews