Италијанскиот калчолигаш Рома ќе плати дел од лекувањето на навивачот на Ливерпул, Шон Кокс, кој заработи тешки повреди на главата во тепачката со симпатизерите на клубот од Рим.

Рома ќе донира 150 000 евра на сметката од Кокс, кој полека закпренува од тешките операции на главата. За навивачот на Ливерпул се грижат неколку доктори, а неговата сопруга откри дека нега ќе му треба до крајот на животот.

  • Таа случка треба да биде последна во светскиот фудбал. Тоа што му се случи на Кокс, не смее да се повтори, бидејќи каква порака испраќаме сите ние, ако вакви случки има постојано. Од немилите сцени констатно мислиме на него и сме во комуникација со неговата фамилија. – изјави претседателот на Рома, Џејмс Палота.

Тепачката во која најмногу настрада англискиот навивач се случи во април месец во полуфиналните пресметки во Лигата на Шампиони.

OhridNews