Во месецот на љубовта и виното концепт шоп „Румор“ ги намали цените на ексклузивна облека креирана од светски познатите дизајнери и брендови: Ристо, Монографи, Елле, Румор.
фото: Емил Јовановиќ
На попуст во февруари во „Румор“ се и „We are owls” шарпите- изработени од големи парчиња најквалитетен кашмир и рачно печатени, како и накитот на Џуми Лим.
Месецот на попуст во „Румор“ е единствена прилика по екстра цени да си купите квалитетно дизајнерско парче или да изненадите некого. Количините се ограничени, па затоа побрзајте и изберете си подарок во „Румор“.
„Румор“ е единствениот мулти бренд во регионот кој ја носи високата мода од Њујорк и Париз кај нас. Уникатните креации на познати модни креатори се продаваат по цени прикладни за македонскиот пазар, што „Румор“ го прави неоддолив моден избор.
„Румор“ стартува и сопствена колекција „Rumor“, која се произведува во Охрид со висококвалитетни материјали специјално изработени во Италија. Она што овој бренд го прави посебен е и соработката со млади талентирани уметници кои креираат уникатни модни детали како новчаници, миризливи свеќи и друго.
Голем февруарски попуст од 30 – 50 % на ексклузивна облека во „Румор“
„Румор“ е лоциран на булеварот „Туристичка“ во зградата „Печијаре“ веднаш до здравствената ординација „Дарон“.
OhridNews
Фото: Емил Јовановиќ