Бутик „Емили“ ТЦ Амам Охрид

Од 01.02.2022 - 09:00 до 28.02.2022 - 20:00

Познатиот охридски бренд во текот на месец февруари за своите потрошувачи овозможува исклучителни попусти. За сите оние кои планираат во наредниот период да прослават некаков значаен настан на кој ќе сакаат да блеснат во повпечатливо парче облека, или пак едноставно сакаат да имаат вредна облека во својот гардеробер, ќе можат да ја набават по намалени цени во „Емили“. Попустот важи за цел асортиман, како и за купување или изнајмување венчаници.

Доколку се избере венчаница во промотивнот период (до крајот на февруари) попустот важи без разлика за кој нареден датум се однесува употребата, велат од бутик „Емили“ и посочуваат дека за се што се купува кај нив е обезбедена брза, стручна и бесплатна корекција.

Голем февруарски попуст на целиот асортиман во бутикот „Емили“ Тел.075 355 727

Плаќањето може да се изврши на повеќе рати без камата доколку имате кредитна картичка од „Тутунска банка“.

Сега е време да го обезбедите вашето парче облека за убавите моменти кои ве очекуваат оваа година. Намалените цени почнуваат со фустани од 900 денари. Машки и женски капути во Емили ќе најдете со почетна цена од 2000 денари. Машките костуми, пак, се движат од 3500 денари, па нагоре, а ќе најдете и машки сакоа од 1500 денари, порачуваат од Бутик „Емили“.

Бутикот „Емили“ е препознатлив по следење на модните трендови, а низ годиниве важи за број еден избор кога станува збор за квалитетен избор на облека. Ќе го најдете на добро познатата локација во ТЦ Амам во Охрид на прв  кат, а за тековните попусти, акции и најави, посетете ја фејсбук страната на Бутик „Емили“.

OhridNews