Голем дефект на водоводната мрежа се случи вечерва на улица “Асном”. Како што информираат од “Водовод” Охрид, се работи за пукната цевка со пречник Фи 350 м..м., поради што без вода за пиење ќе останат жителите на ул. “Асном”, како и дел од станбените и деловни објекти во населбата “Бејбунар”.
Од Ј. П. “Водовод” информираат дека поради комплексноста на дефектот истиот ќе се отстранува во текот на утрешниот ден.
OhridNews
Фото: Архива