Пукната цефка (Ф300) на улицата „Гоце Делчев“ од доцна синоќа без вода ги остави населбите Лескајца и Воска, информираат од Водовод-Охрид.

Санирањето на дефектот е во тек. Дефектот е голем, затоа ни треба повеќе време да го санираме, – велат од Водовод.

Од таму додаваат дека за неколку часови ќе се стабилизира водоснабдувањето и сите живеалишта повторно ќе можат да ги користат услугите од Водовод.

OhridNews