Македонската кошаркарска репрезентација е на чекор до пласман на ЕП 2009 во Полска.

Избраниците на Јовица Арсиќ добро ги “испотија“ присутните во салата, но  и гледачите  покрај малите екрани и на крајот сепак успеаја да триумфираат со 80-78 над селекцијата на Летонија.

По оваа победа, трета по ред Македонија изби на првото место во Б групата. Победата е до толку значајна што во случај на ист број бодови црвено – жолтите ќе се најдат пред Летонија.

До крајот на квалификациите Македонија ќе игра против Португалија во гости и против Естонија на домашен терен.

Сами ја кроиме нашата судбина, со триумф на двата меча одиме во Полска.

М.Постоловски