Празничниот викенд кој го преполни Охрид полека изминува, а со него и дел од гостите кои во најголем дел дојдоа да проследат некој од бројните концерти и денс фестивали кои, пак, како по некое непишано правило редовно се одржуваат околу Илинден кога е најголем бројот на туристи на ривиерата.

Како што информираат од најголемиот авто превозник А.Д. „Галеб“ Охрид, од Охрид кон Скопје покрај редовните линии кои се целосно исполнети со патници, денеска ќе се упатат и 11 вонредни автобуси. Целосно исполнети се и автобусите што сообраќаат од Охрид кон дестинации во Источна Македонија, додаваат од „Галеб“.

Дел од гостите во Охрид за викендот престојуваа со автомобили, поради што денеска се очекува зголемен интензитет на сообраќај на магистралата Охрид – Скопје.

OhridNews