Голем број странски државјани се убиени во нападите во петокот вечерта во Париз, во кои според досегашниот биланс загинаа 129 лица , 352 се повредени од кои 99 се наоѓаат во критична состојба.
Меѓу загинатите се: според Министерството за надворешни работи на Белгија најмалку двајца белгиски државјани, дваесет и девет годишниот Шпанец, Алберто Гонзалес Гаридо, кој бил заедно со неговата сестра на концертот во Батаклан, 63-годишен Португалец кој живеел во Париз, а работел во транспорт на патници, тој загинал додека бил во близина на стадионот „Стад де Франс“ во северниот дел на Париз. Двајца романски државјани, еден британски државјанин, а има и повредени Британци, чиј број не е наведен. Две млади Тунишанки, сестри, кои живееле во Париз и едно лице од Сенегал чии родители се населиле во Крозот, а во Париз славел роденден, според неколку извори. Една Чилеанка е меѓу жртвите, внука на амбасадор на Чиле, двајца Алжирци- жена на 40-годишна возраст и 29-годишно момче, една американска 20-годишна студентка од Државниот универзитет во Лонг Бич, Калифорнија, која допатувала во Париз како дел од универзитетската размена, неколку Американци се меѓу повредените, точниот број не е одреден. Понатаму двајца Бразилци се повредени, еден Швеѓанец можеби е убиен, а друг повреден, според портпарол на шведската дипломатија.
OhridNews