Секоја втора жена во светот е жртва на насилство од страна на својот партнер, а секоја петта е подложна на сексуално злоставување.
Процентот на случаи на семејното насилство – во кое најчести жртви се жените, во Охрид е висок, но мал е бројот на жртвите кои го пријавуваат. Најчесто тоа е поради срам од околината, страв од насилникот, а во најголемиот број случаи поради економската зависност на жртвата. Ова се информациите кои доаѓаат од Координативното тело за семејно насилство.
Ваквите случаи се пријавуваат во Центарот за социјални грижи или евентуално во Секторот за внатерешни работи. Во просек, во период од три месеци, се регистрираат по десет пријавувања на семејно насилство.
Надлежните кои работаат на оваа проблематика превземаат мерки со цел да се охрабрат жртвите да го пријавуваат семејното насилство и да се оддалечат од средината во која тоа постојано се случува.