Дванаесет  плажи на охридското крајбрежје и понатаму немаат ангажирано спасители на вода, а со тоа и не ги обезбедиле потребните услови за безбедно капење, спорт и рекреација. Состојбата на струшкото крајбрежје е уште полоша, информираат од општинскиот Црвен крст.

Сеуште немаат ниту обележани плажи, ниту пак ангажирани спасители. Состојбата е уште полоша во Струга каде од 15 плажи само 6 имаат воспоставено безбедносни критериуми, а останатите се небезбедни за капење, спорт и рекреација. Нашите служби по извршен увид на состојбата на крајбрежјето, на 6 јули ги информираа сите надлежни служби со цел да се преземат потребните мерки, вели Сашо Точков од општинскиот Црвен крст.

Оттаму со апел концесионерите да ги исполнат своите законски обврски и да ја зголемат безбедноста на плажите.

Инаку, до денес  од страна на спасителите на вода, волонтери од Црвен крст, извршени се 11 интервенции на охридско- струшкото крајбрежје и над 80 интервенции на укажување на прва помош.

OhridNews