Во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, од страна на полициските службеници на 160 граѓани им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест “Ковид 19“, информираат од СВР Охрид.
Најголем број на прекршочни платни налози има во Струга 62, а потоа следуваат Кичево 50, Охрид 30 и Дебар 18.
OhridNews