Во изминатово деноноќие полициските службеници констатирале 50 прекршоци за неносење лична заштита во Охрид и регионот, информираат од СВР Охрид.
Најголем број на прекршоци се регистрирани во Охрид-19, а потоа следуваат Струга 11, Кичево и Дебар по 10. На прекршителите им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.
Полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 52 контроли во угостителски и други објекти (Охрид-17, Кичево-35).
OhridNews