Социјалните мрежи, посебно блоговите, последните денови се преполни со информации за наводен астероид што би требало да удри во Земјата за два дена – на 21 март и да предизвика крај на светот. Во прилог на ваквите тврдења, одат и некои факти, пренесува „Макфакс“.

Имено, уште дамнешната 2003 година агенцијата Reuters издаде соопштение кое го пренесоа сите светски медиуми, дека постои можност Земјата во 2014 година да ја погоди голем астероид. Агенцијата го посочила и точниот датум, 21 март 2014 година.

Според пишувањето на тогашен CNN, станува збор за астероидот именуван ‘2003 QQ47’, чиј удар би има сила како на Земјата да паднале 20 атомски бомби, слични на оние фрлени врз Хирошима.

Експертите во 2003 година рекле дека астероидите како овој всушност се парчиња од карпите кои останале при формирањето на Сончевиот систем пред 4,5 милијарди години.

Овој астероид досега беше на безбедна оддалеченост од нашата планета, во појасот меѓу Марс и Јупитер. Но, влијанието на гравитациите на големите планети со кои е опкружен, го насочило кон Земјата.

И додека многумина се уплашија дека доаѓа крајот на светот, има и такви кои тврдат дека шансите за удар се 1:909.000.

Според нив, ударот на овој астероид воопшто нема да се случи. Имено, тој навистина постои, но нема да удри во Земјата ниту оваа недела, ниту во остатокот од векот. Правата вистина е дека на 26 март сигурно ќе помине покрај Земјата и тоа не поблиску од 19 милиони километри. А тоа е 50 пати повеќе од оддалеченоста на Месечината од Земјата.

OhridNews
извор:“Макфакс“