Ординација и лабораторија Сонце

Од 01.04.2023 - 09:00 до 30.04.2023 - 15:00

По повод Велигден, Бајрам и првомајските празници, во текот на месец април Ординација и специјалистичка биохемиска лабораторија „Сонце“ Охрид нуди 20 проценти попуст за приватни лабораториски анализи.

 

„Сонце“ е првата специјалистичка биохемиска лабораторија во Македонија, основана 1993 година.

Стручниот тим и најсовремената апаратура со која е опремена лабораторијата, овозможуваат изработка на речиси сите биохемиски анализи, хормони, туморски маркери, имунолошки тестови и тестови за алергии.

Материјалот за анализи може да се земе во домашни услови, во договор со пациентот или семејството.

Ординација и специјалистичка биохемиска лабораторија „Сонце“ ќе ја најдете на добро познатата локација во станбен комплекс „Даме Груев“ Б-2; II/2, Охрид.