Резултатот први го отворија домашните со голот на Филип Митрески во 19-та минута. Фудбалерот за врска Ф. Митрески со прецизен шут по додавањето на Китрозоски го совлада голманот на Баби, Митев.
Гостите од Штип за пет минути од 29-та до 34-та минута со два погодоци во охридската мрежа комплетно го свртија резултатот во нивна корист. Егал донесе Бобан Мариќ по корнерот на Ташков додека пресвртот го комплетираше Алексов со одмерен удар од далечина.
На “рибарите“ им беа потребни две минути да се соземат од шокот. Бакулески со маестрален погодок од работ на шеснаесетикот повторно ги врати “рибарите“ во игра за трите бода.
На истекот од последната минута од првиот дел Охрид одново го враќа водството. По центаршутот Меди, Китрозоски доволно ја чепна топката за да го збуни стоперот Синев, кој реагираше неспретно и ја затресе сопствената мрежа.
Голедата на “Атина Бојаџи“ продолжи во вториот период. Охриѓани на почетокот од вторите 45 минути со вториот гол на Ф. Митрески ја дуплираа предноста.
Четвртиот погодок во мрежата внесе дополнителна нервоза во гостинскиот состав. Одбранбениот фудбалер на Баби, Јованов без топка со лакто го удри Китрозоски. Главниот судија Блажевски го забележа и оправдано му додели директен црвен картон.
До крајот на натпреварот на теренот постоеше една екипа Охрид 2004. Шансите пред голот на гостите се редеа, но охридските фудбалерите не успеаа да ја погодат целта и да слават поубедлива победа.
Опуштената игра на домаќините, гостите ја казнија во 90-та минута кога Б. Мариќ со вториот гол на мечот ги постави конечните 4-3.
Во последната минута од продолжението битолскиот судија Блажевски покажа уште два црвени картони, по еден за домашни и за гостите. Во охридскиот состав поцрвена капитенот Велески додека во тимот на Баби црвен картон заработи А. Мариќ.
Со победата над штипскиот второлигаш, “рибарите“ стигнаа од четвртата сезонава и прокнижија вредни три бодови во трката за опстанок.