Пет пати се тресеа мрежите во првиот дел. Уште во првата минута, “белите“ профитираа од рискантната игра на Инекс и Најдески Аце го отвори резултатот.
Дефанзивно ореиентираниот Кочески, ја искористи можноста се уфрли во и повторно го врати АСП Пак во предност.
Но и новата предност не стоеше долго на семафорот. Никодиновски одлично прими една топка се ослободи од својот чувар и со топовски удар го совлада Стенкоски за ново изедначување.
На стартот на вториот дел продолжи голеадата. Ампов искористи еден отпадок и со удар од надвор го матираше за трето изедначување на мечот.
Нов “пар“ погодоци на играчот на мечот Никодиноски за висока предност од 5-3. АСП Пак фрли се на една карта во финишот на мечот уфрли и шести играч во поле, но ударите на Кочески и Медароски не ја погодија целта.
– Два пати бевме во негатива, но успеавме да се вратиме во мечот и на крајот да се радуваме на сосема заслужена победа. Не застануваме тука и посакуваме пласман се до крајот до финалето – рече стрелецот на првиот гол за Инекс Горица, Бакулески.
Во четвртфиналето Инекс Горица ќе игра против Дисконт Царовски.