Охрид Лоте стигна до значајна победа во битката за опстанок откако на домашен терен со 4-2 ја победи екипата на Еуромилк.


Изедначено се играше во првиот дел во кој “градежниците“ стигнаа до 1-0 со голот на Димоски во 31 минута. На стартот на вториот дел Стојаноски го удвои водството, а победата ја осигура Толески неколку минути подоцна. Точка на “покерот“ стави Димоски со вториот негов гол на мечот, седми сезонава.


Гостите поразот го ублажија со двата гола на Бишевац во 61 и 65 минута.

Со 23 бода составот на “градежниците“ останува на деветтата позиција на табелата. Во наредното коло Охрид Лоте му гостува на Тиквеш.

М.П.