Англичаните поведоа со 2-0 преку Гибс и Ричардс,а Муарем намали на 2-1 резултат со кој се замина на одмор . На старот на вториот дел Ибраими погоди за израмнување 2-2. Во период од десет минути повторно два пати се тресеа мрежите. Прво Керол зголеми на 3-2,а со авто голот на Гибс, Македонија израмна на 3-3.
Отпрот домаќините го скршија во 67 минута преку Хилнес,а во финишот на мечот во 87 и 90 минута црвно – жолтиот брод го потопија Карол и Хилнес со вторите голови на мечот.
За Македонија ова беше третиот пораз во четвртиот натпревар за квалификациите за ЕП 2011 година. Во останатиот натпревар во нашата група Грција ја победи Португалија со 2-1.
Македонија наредниот натпревар го игра во вторник против Португалија во Прилеп.