Извонредна ефикасност ги одбележа воведните натпревари на 49. турнир во мал фудбал „Петровден 2024“ што започна вечерва во Мешеишта.

Први на теренот истрчаа бранителите на трофејот АСП ПАК и Црногорци. Славеше АСП ПАК со 6:2. Победи вечерва уште забележаа и екипите на Бомбаши и Вис Пој.

Резултати четврток 20.06.2024
Асп Пак – Црногорци 6:2
Хацеган Елит – Бомбаши 0:3
Вис Пој – Требеништа 3:0

Турнирот во петок продолжува со нови три натпревари од 1 коло.

Петок 21.06.2024
20:30 Сатеска – Дамјан Климент и Михаил
21:30 Гостилница Кај Мече – Бел Мерцедес
22:30 Ајриш Паб Фајв – Дипсакус Вевчани

Наградниот фонд на турнирот „Петровден“ во Мешеишта оваа година изнесува 220 000 денари.

OhridNews