Единаесет гола виде публиката во воведниот натпревар од Ф групата помеѓу минатогодишниот шампион АСП ПАК и Алуминиумски Огради Охрид Струга, со кој вечерва започна 48. издание на најстариот и најпознат турнир во мал фудбал во регионот, „Петровден 2023“ во Мешеишта.

АСП ПАК славеше убедливо над Алуминиумски Огради Охрид Струга со 10:1.

Во преостанатите два меча вечерва, Подгорка – Арена Мислешево 1:2 и Стаклара Исмаилоски – Вабко сервис Џуте 0:2.

Турнирот продолжува денеска, четврток, со три средби:

20:30 Хотел Амбасадор – Кафе Бар 9
21:30 Сатеска – Шумско Галичица
22:30 Враништа – Св. Троица 2021

Г.М.