Голеада без победник одиграа футсал екипите на Охрид и Шкендија во последната рунда од редовниот дел од шампионатот.


5-5 заврши мечот, во кој охриѓани константно бркаа негатива која на моменти беше и до два гола предност. Хет-трик на Бимбилоски, Стефаноски и Танаскоски погодија за “сините“.

Последниот натпревар годинава охриѓани ќе го имаат на домашен терен викендов против Велес во купот.

М.П.