Голден Стејт го повлече бројот 6 кој на својот дрес го носеше легендарниот Бил Расел.
Поранешниот кошаркар почина на 31 јули 2022 година на 88-годишна возраст.
Многу сум горд на наследството што Бил Расел го остави овде во Заливот и низ НБА, изјави главниот тренер на Вориорс, Стив Кер, за „ESPN“.
Расел играше центар и целата своја НБА кариера ја помина во Бостон. Тој е член на Куќата на славните на кошарката и Куќата на славните на колеџот. Во 2007 година, тој беше примен во Куќата на славните на ФИБА и доби почесен докторат на Харвард. Во 2009 година, во негова чест беше именувана наградата за МВП на финалето на НБА.
OhridNews