Голден Стејт е нов НБА шампион, откако синоќа во шестиот натпревар од финалната серија на гости го совлчада Бостон 103:90, за победа во серијата 4:2. За Воините ова е четврти шампионски прстен во последните осум години, вкупно седми во историјатас (’47, ’56,’75, ’15, ’17, ’18 и 22).
Бостон Селтикс останаа на 17 титули, последната освоена во 2008 година.
За МВП на финалето прогласен е Стеф Кари. Тој е само 11 играч кој бил прогласен за најкорисен играч во финалето, во регуларниот дел од сезоната и на ол-стар натпреварот.
Г.М.