Екипата на Голден Арт го освои 7 место на Меѓународниот меморијален турнир во ракомет “Крсте Андоновски”, што се игра во Охрид, откако претпладнево го совлада Бутел Скопје со 21:18.
Од 13:15 часот се игра мечот за 5 место во кој се среќаваат Бешикташ и Металопластика. Натпреварот за 3 место во кој играат Охрид и Татран Прешов почнува во 18 часот, а финалето помеѓу Еурофарм Пелистер и Олимпијакос се игра од 20:15 часот.
Г.М.