Црно-бела фотографија на која Мадона позира гола во кревет, била продадена на аукција за 15 илјади фунти, што е за три пати повеќе од почетната цена. Фотографијата снимена во 1990 година, на која кралицата на попот ги покажува градите и држи цигаре во устата, требало да се најде во нејзината популарна книга „Секс“.


Како што пренесуваат медиумите, Мадона за оваа фотографија му позирала на Стивен Месел кога имала 34 години.