Вицепрвакот во македонскиот шампионат, Металург со победа ги започна мечевите во Лигата на Шампиони совладувајќи го Елверум со 18-17 (8-7) на стартот од групната фаза.


До првата победа Металург дојде на крилата од Филип Талески кој постигна 13 погодоци вклучувајќи го и последниот за победа и голманот Дарко Арсиќ кој имаше 17 успешни интервенци.

Избраниците на Лино Червар, можеаја и порано да го решат победникот, но норвежаните три пати успевеа да се вратат после негатива од четири погодоци.

Во последните десет минути Елверум влезе со водство (15-14), но се уште последниот збор на мечот го немаше кажано Талески.

Металург остана во игра за позитивен резултат благодарение на Арсиќ, а Талески со гол во последните секунди од мечот го круниса својот најдобар натпревар во кариерата.

Металург во втората рунда од групната фаза во ЛШ ќе се сретне со ривалот од СЕХА лигата, екипата на Татран Прешов.

OhridNews