Екипата на Арсенал го освои целиот плен на „Емирати“ совладувајќи го Тотенхем со 4-2 во една од најдобрите пресметки оваа сезона во Премиер лигата. „Топчиите“ и „петлите“ одиграа фантастичен и содржаен натпревар и докажаа дека ова дерби е едно од најголемите во англискиот фудбал.
Гол возбудувањата на „Емирати“ ги најави Обамејанг кој погоди за 1-0 од белата точка. Тотенхем за четири минути успеа да постигне погодок и да го преземе водството. Во 30-та минута Дајер го изедначи резултатот, а во 34-та Кејн од пенал го комплетираше пресвртот.
После десет минути игра во второто полувреме Арсенал ги врати работите на почеток, откако Обамејанг со вториот погодок донесе егал 2-2. Изедначувачкиот погодок им даде крилја на домаќините и почнаа да притискаат за трет погодок. Награда стигна во 75-та минута кога Лаказет погоди за 3-2. Голема радост на стадионот кулминираше со новиот гол на Арсенал за 4-2. Стрелец на погодокот беше Тореира.
https://www.youtube.com/watch?v=L_Xc9zZGLU8
До крајот на мечот Тотенхем остана и со играч помалку. Втор жолт, автоматски црвен картон доби Јан Вертонген. Белгиецот првиот жолт го заработи за играње со рака во својот казнет простор, а вториот поради старт со отворен ѓон на Лаказет.
Со трите бодови Арсенал се изедначи со Тотенхем на табелата и со победа го најави дербито со Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд.
OhridNews