Португалецот Кристијано Роналдо беше во главна улога во тимот на Реал, во победата над Алмерија на Бернабеу. Напаѓачот промаши пенал, постигна гол, а потоа беше исклучен. Реал победи 4-2. Барселона мораше да чека до финишот на мечот за да го скрши отпорот на Депортиво. На два пати Меси и еднаш Ибрахимовиќ погодија за “блаугранa“ во 3-1 победатa во Ла Коруња.