Гол пар се фотографирал на стапица полна со мамци за крокодили. Тие сами на локалниот весник му ја испратиле фотографијата со порака дека се чувствуваат одлично на стапицата.
Австралиските власти тоа ги налутило, и велат дека туристите најверојатно биле пијани. Тие така ги загрозиле и своите, и животите на другите. Сега би можеле да добијат парична казна, како и да одат во затвор. Пред еден месец крокодилите изеле маж и дете. Поради тоа властите почнале да ги ловат, поставувајќи стапици.