Без победник (2-2) и со поделба на бодовите заврши пресметката помеѓу Илија Несторовски на страната од Удинезе и Горан Пандев на страната од Џенова во 30-та рунда од Серија А.

Удинезе беше многу блиску до победата и трите бодови, но гостите од Џенова со гол во судиското продолжение се изборија за бод кој многу значи во трката за опстанок. Ремито и позитивниот резултат го најави Пандев кој во 81-та минута го намали резултатот.

Несторовски на теренот помина вкупно 58 минути, а токму од тогаш почна авантурата на Пандев кој повторно се покажа помеѓу клучните фудбалери на Џенова.

Резултати:

Интер – Болоња 1-2

Бреша – Верона 2-0

Каљари – Аталанта 0-1

Парма – Фиорентина 1-2

Сампдорија – СПАЛ 3-0

Удинезе – Џенова 2-2

Наполи – Рома

OhridNews