Лионел Меси сака да ја одложи својата преселба во Саудиска Арабија. Според „Goal“ во текот на вчерашниот ден претставници на аргентинскиот фудбалер одржале состанок со членовите на раководството на саудискиот клуб и побарале да се одложи прашањето за преселба во Ал-Хилал до 2024 година.
Сепак, челниците на клубот беа изненадени од барањето и рекоа дека нивната понуда следната година ќе се разликува од сегашната која е 500 милиони евра годишно.
Таткото на Меси вчера изјави дека Лионел сака да се врати во Барселона.
OhridNews