Минатата седмица рано на утро еден гол маж провалил во бутик за венчаници во Вурзбург, очигледно во потрага за некаква облека. Фрлил предмет во стаклената врата на бутикот и влегол во него, но бидејќи не нашол прикладна облека го напуштил гол.
При тоа и се пресекол на парчињата стакло, па полицијата го пронашла следејќи ги крвавите траги кои ги оставал зад себе. Полицијата го уапсила, но не можела да објасни зошто е гол.