Германските медиуми пишуваат за голем сигурносен пропуст во аеродромот во Келн откако е откриено дека момче под дејство на наркотици успеало да влезе во авионот кој го користи германската канцеларка Ангела Меркел.


Момчето успеало да го помине осигурувањето на аеродромот откако ги убедил дека има покана за венчавка која ќе се одржувала во офицерските простории во воениот дел на аеродромот каде бил сместен и самиот авион.

Откако влегол во авионот бил забележан од надлежните на кои им биле потребни скоро четири часа да го изнесат, а во тоа време освен што одлучил да ја слече својата облека успеал да прекрие голем дел од внатрешноста на авионот со пена од противпожарни апарати и да го активира тобоганот на дување кој се користи во итни случаи.

По овој инцидент тој бил приведен од полицијата, а во авионот биле прионајдени неколку грама марихуана и повеќе екстази. Штетата која ја направил е проценета на $133,000 долари.