Американката Кели Тосенд мислела дека сонува кога низ таванот на нејзината куќа пропаднал непознат човек без облека, но набрзо сфатила дека тоа навистина се случува. Таа спиела во моментот кога во собата упаднал неповиканиот гостин. Иако преплашена, повикала полиција која набрзо го уапсила неканетиот гостин. Се воспоставило дека станува збор за Патрик Вилијамс, кој во домот на жената упаднал бегајќи од полицијата.
Бркотницата започнала кога Патрик дознал дека е издаден налог за негово апсење, бидејќи ја прекршил условната на која бил пуштен после двегодишна казна затвор за поседување кокаин. Кога се појавил во куќата на преплашената жена, Патрик со насмевка ја замолил да му позајми некакви панталони.