Дел Потро одлично го започна мечот добивајќи го првиот сет. Одличната игра на аргентинецот продолжи и во вториот сет, но тогаш се разбуди и Ѓоковиќ. Србинот успеа да изедначи, а во решавачкиот сет го “збриша“ со 6-2 и обезбеди финалето во Лондон.
Противник на “Ноле“ во финалето ќе му биде победникот од вториот полуфинален дуел помеѓу Рожер Федерер и Ендиј Мареј.