Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, по втор пат во својата кариера го освои отвореното првенство на Австралија. Овој пат тој во финалето во Мелбурн беше подобар од британецот Енди Мареј совладувајќи го со 3: 0, по сетови 6:4, 6:2, 6:3.

Претходно Ѓоковиќ триумфираше на Australiаn Open во 2008 година.

Победата на Ѓоковиќ му донесе заработувачка од 2,2, милиони долари, додека поразениот Мареј инкасираше 1,1 милион долари.

OhridNews