Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ќе играат во финалето на US Open. Србинот Ѓоковиќ во крајно драматичен меч кој траеше без малку 4 часа, славеше над Роже Федерер со 3:2 по сетови 5:7, 6:1, 4:6, 6:2 и 7:5.

Тешко е да се опише чувството. Во финишот ме делеше еден поен од пораз но се вратив. Благодарам на прекрасната атмосфера. Беше задоволство да се игра еден ваков голем меч кој ќе го памтам до крај на мојата кариера.-изјави пресреќниот Ѓоковиќ по завршувањето на полуфиналниот меч со Федерер.

Светскиот рекет број еден, шпанецот Рафаел Надал мошне лесно се справи со Михаил Јужни во првото полуфинале совладувајќи го со чисти 3:0, по сетови 6:2, 6:3 и 6:4.

Финалето на програната е вечерва.

OhridNews